Услови за користење

Со креирање профил и користење на „Мајки за Мајки“ потврдуваш дека се согласуваш со Условите за користење, Правилата на заедницата и Политиката за приватност.

Членствата Мајки+, Креатор и Фирма се платени пакети со месечна претплата и се обновуваат согласно избраниот план и условите при купување. Спонзорирано рекламирање и дополнителни промотивни активности не се автоматски вклучени во пакетот „Фирма“, освен ако не е наведено поинаку.

Секој член е одговорен за содржината што ја објавува. Административниот и модераторскиот тим го задржува правото да сокрие или отстрани содржина и привремено или трајно да ограничи профил при прекршување на правилата на заедницата.

Информациите и искуствата споделени од членовите имаат информативен и поддржувачки карактер и не претставуваат замена за медицински, психолошки, правен или друг стручен совет.

За итна медицинска или друга итна состојба, потребно е да се обратите до соодветна стручна или итна служба.