Приватност

Твојата приватност е важен дел од „Мајки за Мајки“.

Пред останатите членови се прикажуваат само иницијалите или прекарот што ќе го избереш. Твоето име и презиме не се јавно видливи и до нив може да пристапи само овластениот административен тим кога тоа е потребно за верификација, безбедност и управување со профилот.

Контакт-податоците, како e-mail адреса и телефонски број, не се прикажуваат пред другите членови и се користат за функционалностите на платформата, најава, безбедност и корисничка поддршка, согласно Политиката за приватност.

Разговорите во затворените делови на заедницата се наменети за членовите и не се наменети за јавно прикажување или индексирање од интернет-пребарувачи.

Можеш да побараш бришење на својот профил и податоците поврзани со него согласно Политиката за приватност.

Контакт →