Правила на заедницата

Едноставни правила за „Мајки за Мајки“ да остане безбедно и корисно за сите.

  1. 1. Зборуваме со почит.

    Можеме да имаме различни мислења и искуства. Несогласувањето е дозволено; навредувањето, исмевањето, засрамувањето и говорот на омраза не се.

  2. 2. Она што е споделено тука, останува тука.

    Не споделуваме screenshots, фотографии или туѓи разговори надвор од заедницата без дозвола.

  3. 3. Споделуваме искуства, не поставуваме дијагнози.

    Личното искуство може да биде драгоцено, но не е замена за стручен совет. За здравствени проблеми обратете се кај соодветен здравствен работник, а за итни состојби кај итна медицинска служба.

  4. 4. Ги заштитуваме децата и приватноста.

    Не објавуваме интимни фотографии на деца, лични документи, адреси, телефонски броеви или други чувствителни лични податоци.

  5. 5. Не спамираме и не се рекламираме во разговорите.

    Промоција на производи, услуги и бизниси е дозволена само преку соодветните профили и секции на платформата.

  6. 6. Пријавуваме наместо да влегуваме во конфликт.

    Ако забележиш навредлива, сомнителна или несоодветна содржина, пријави ја. Модераторскиот тим ќе ја разгледа.

Приватност на разговорите

Содржината објавена во затворените делови на заедницата е наменета за нејзините членови. Не е дозволено фотографирање, снимање, копирање или пренесување на туѓи разговори и содржини надвор од платформата без дозвола од авторот.

Прекршувањето на ова правило може да резултира со ограничување или трајно отстранување на профилот.